Виртус со „златен“ брејк се враќа од тешкото гостување кај Дубаи

Кошаркарите на Виртус Болоња извојува голема победа во Евролигата, откако на гости кај незгодниот Дубаи славеа со 72-80 во 22. коло од европската кошаркарска елита.

На овој начин, тимот на Душко Ивановиќ успеа да го пробие еден од најнезгодните домашни терени во Евролигата и да запиша „златен“ брејк. Со оваа победа Виртус го израмни скорот на 11-11 и во одлично расположение почнува да атакува кон местата кои што водат во елиминационата фаза. Дубаи, пак, кој пред Виртус беше поразен во својата сала само од Макаби (но во натпревар без публика), има учинок од 10-12 и заглави во борбата за плеј-офот.

Најефикасен играч кај победникот беше Карсен Едвардс со 21 поен, но најзаслужен за триумфот беше Салиу Нианг, кој одигра брутална партија и запиша „дабл-дабл“ од 17 поени и 18 скока. 

За Дубаи, Алекса Аврамовиќ беше најефикасен со 17 поени, а Бејкон имаше „дабл-дабл“ од 16 поени и 10 скока.