ФОТО: Виртус го претстави проектот за новиот дом од 55 милиони евра

Италијанскиот кошаркарски вицешампион Виртус Болоња го потврди проектот за новата сала која ќе ја гради. 

Се работи за објект кој ќе чини околу 55 милиони евра, средства кои ќе ги покрие градот Болоња, а Виртус ќе ја добие салата на 20-годишна концесија. Според роковите, се очекува новиот дом на Виртус да биде отворен во ноември 2024 година. 

Новата „Сегафредо“ Арена ќе има капацитет од 10.000 седишта. Салата ќе биде со футуристички изглед, ќе има и помошни терени за тренинг.