ВИДЕО: Виртус го освои Суперкупот, Скариоло со трофеј се врати во Италија

Кошаркарите на Виртус од Болоња го освоија Суперкупот на Италија со победата над Олимпија од Милано со 90-84. Шампионот на Италија славеше и покрај многу добрите партии на Шилдс и Серхио Родригез. Шилдс запиша 19, а Родригез 17 поени, но тоа не беше доволно да се победат Скариоло и неговите пулени.

Теодосиќ постигна девет поени, а одлични беа и Мохамад Зајта со 18 поени, Алесандро Пајола постигна 14, а Амар Алибеговиќ 13 поени,

Предноста на тимот на Серџо Скариоло надмина десет поени само во третата четвртина, кога Виртус отиде на +16, за Олимпија да се врати во последниот квартал и да го ублажи поразот.

Виртус ја победи Венеција со 72-71 во полуфиналето од истото натпреварување, што и беше потешка задача на завршниот турнир на Суперкупот на Италија.