• Мартин Танасковски

Италијанска Виртус Болоња пак фати победнички пат во Евролигата и со триумф над Црвена Звезда (84-72) се израмни со ривалот на дванаесеттата позиција на табелата.
Болоња игра топло-ладно оваа сезона во елитното друштво затоа што тукушто се врати во натпреварувањето и не е навикната на таков ритам, меѓутоа ја надигра Црвена Звезда во сите кошаркарски сегменти и заслужено славеше пред својата публика.
Шенгелија постигна 15 поени за победникот, Вимс додаде 13, а Милош Теодосиќ заврши со шест поени и девет асистенции. Кај Црвена Звезда, најсветла точка беше Лука Вилдоза со 20 поени, пред Илиќ со десет поени.
Црвена Звезда има четири порази во последните пет кола, а во следната рунда ја продолжува италијанската турнеја и гостува кај Олимпија Милано. Виртус Болоња, пак, патува кај Асвел кој во ова коло загуби од Партизан.