• Саше Љолес

Италијанскиот кошаркар Марко Белинели официјално го продолжи договорот со тимот на Виртус Болоња. Новата соработка ќе трае до 2025 година, на големо задоволство од двете страни.
Клубот ја сподели информацијата на својот официјален сајт, а навивачите на евролигашот се задоволни од потегот на управата. Белинели во 2020 година се врати во Европа, откако дури четиринаесет години настапуваше во разни клубови од НБА-лигата.
Минатата сезона во сите натпреварувања Италијанецот бележеше просек од 10 поени, 1,4 скокови и 1,2 асистенции по натпревар. Во својата богата кариера, Марко Белинели настапуваше за Фортидудо, Голден Стејт, Торонто Репторс, Њу Орлеанс Пеликанс, Чикаго Булс, Сан Антонио Спарс, Сакраменто Кингс, Атланта Хокс и Филаделфија 76'ерс.
Откако се врати во Италија, 37-годишниот Белинели ја освои домашната титула во 2021 година и двапати триумфираше во италијанскиот Суперкуп.