Вилдоза за трипати повисока плата премина од Ц. Звезда во Панатинаикос

Аргентинскиот кошаркар кој настапуваше за Црвена Звезда, Лука Вилдоза, има нов клуб затоа што ја прифати понудата од грчки Панатинаикос кој гради амбициозен проект.

27-годишниот плејмејкер имаше голема улога во таборот на „црвено-белите“, но условите си го сторија своето. Вилдоза со панатинаикос потпиша тригодишен договор според кој ќе инкасира близу шест милиони евра, што е трипати повеќе од она кое го имаше во Звезда.

Пред да дојде во Црвена Звезда, Аргентинецот играше за Милвоки Бакс во НБА-лигата, а претходно беше дел од аргентински Килмес и шпанска Басконија.

Со белграѓани стана српски првак и го освои Купот, а играше и во Евролигата, како и финале во АБА-лигата.