• Иван Димовски
Во рамките на АБА лигата, дербито се игра во Белград, каде што Црвена Звезда ја дочека Цедевита Олимпија. Оваа средба очекувано тргна изедначено, а на крајот на полувремето понуди вистинска атракција.
Лука Вилдоза успеа да ја „победи сирената“ и на истекот на полувремето даде луда тројка. Аргентинецот шутна од својата половина и ударот заврши во обрачот, за вистинско одушевување на публиката.
Во рамките на оваа рунда МЗТ Скопје одигра одличен натпревар, но ја загуби драмата со фаворитот Будуќност.