Вил Мозли се сели во Партизан, потпиша двегодишен договор

Италијанскиот тренер Тринкиери продолжува да купува од Италија за својот Партизан. Имено, „црно-белите“ се посилни за Вил Мозли, кој го напушти Трст и од следната сезона ќе игра во АБА лигата за Партизан.

30-годишниот Мозли цела кариера ја мина низ клубовите во Италија, а се договори за двегодишен престој во Србија. Фортитудо беше клубот кој го вивна Мозли во орбитата, а потоа играше за Реканати, Латина и Лењано. 

Веќе се недели се зборува дека и Рашон Томас ќе го засили Партизан и ќе му се придружи на тренерот Тринкиери.

Како и минатата сезона Партизан ќе настапи во Еврокупот, покрај српската Суперлига и АБА лигата.