• Мартин Танасковски

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Виктор Ефремовски, влезе во историјата на мак-баскетот, откако ја заврши оваа сезона како најдобар поентер во просек по поени по натпревар и со најмногу постигнати поени во 22 одиграни натпревари во Суперлигата на Македонија.
Со 22 поени во просек во оваа сезона, капитенот го оствари најдобриот ефект во историјата на македонското првенство, каде што го престигна Александар Костоски кој во 2012 просечно постигнуваше 21,7 поени по меч.
Во последните шест натпревари формата на Ефремовски кулминираше, тој постигна 177 поени, или во просек безмалку 30 поени на меч.
Регуларниот дел од сезоната во Суперлигата, Ефремовски го заврши со 484 постигнати поени.











