Виктор Ефремовски остана и ќе биде главен играч на Гостивар

Македонскиот репрезентативец Виктор Ефремовски нема да менува средина и останува во редовите на Гостивар и во новата сезона.

23-годишниот гостиварчанец си подаде рака со клубот од родниот град за да остане дел од колективот и понатаму, иако за него постоеше интерес од повеќе македонски екипи. Ефремовски ќе биде главниот играч на КК Гостивар во новата сезона од домашните имиња.

Минатата сезона Ефремовски просечно играше 32,6 минути и постигнуваше 12,6 поени по натпревар. Во редовите на Гостивар, македонскиот кошаркар пристигна во 2021 година од Работнички, а претходно играше за КК Вардар.