ВИДЕО: „Викингот“ на Оклахома поентираше од своја половина со ЕДНА рака

Кошаркарите на Оклахома славеа на тешкото гостување во Њу Орлеанс со 118-123, во натпревар каде што Зион Вилијамсон го покажа својот талент со 32 поени. 

Сепак, моментот кој ја „украде“ славата на младиот играч, му припадна на далеку поискусниот Стивен Адамс. Центарот на Тандерси во последната секунда од првиот дел постигна ретко видени поени, откако од својата половина го погоди обрачот со една рака. 

  • Шутот на Стивен Адамс против Њу Орлеанс:

Инаку, Адамс и претходно во кариерата знаел да упатува шутеви само со десната рака, но никогаш до сега не погодил од толкава далечина.