Викенд на Куп-четвртфинале, Крива Паланка и Струга во највозбудливиот дуел

Овој викенд, ќе бидат познати и четирите учесници на завршниот турнир од Купот на Македонија во кошарка во женска конкуренција.

На програмата се четири натпревари од четвртфиналето, и согласно со системот за натпреварување, ќе се игра само еден натпревар (на теренот на подобро рангираните екипи), по кој победниците ќе обезбедат пласман во следната натпреварувачка фаза, односно завршниот турнир.

Екипите на Крива Паланка и на Струга 2009 обезбедија директен пласман во четвртфиналето, и интересно во меѓусебен дуел ќе одлучат која од нив ќе се пласира во завршницата од ова натпреварување. Најголем интерес, дефинитивно предизвикува натпреварот во кој ќе се сретнат екипите на Бадел 1862 и на МЗТ Скопје. Ќе се игра на „нивниот терен“ во салата „Независна Македонија“, исто така во сабота, од 19.часот, а номинален „домаќин“ е екипата на Бадел 1862.

Четврфинале:
Крива Паланка – Струга 2009
Баскет кам – Спорт тим
Бадел 1862 – МЗТ Скопје Аеродром
Вардар – Патриот 2016