ВИДЕО: Принтезис и Спанулис ја сопреа низата на победи на Лаборал Куча

Европскиот вицешампион Олимпијакос потврди дека влегува во добра форма во Евролигата и го совлада шпанскиот претставник Лаборал Куча во Пиреја со 82-68.

Во текот на сите 40 минути „зелените“ го полнеа кошот на Баскијците, кои повеќе не изгледаат така моќно како минатиот месец. 

Принтезис со 17 и Спанулис со 14 поени пак беа најистакнати во тимот во „црвено-бело“, а за тимот на Перасовиќ, Гркот Бурусис постигна 19 поени.