• Александар Ковачев

Кошаркарите на Олимпијакос остварија значајна победа против лидерот во групата Химки Москва во рамките на 6. коло од ТОП 16 фазата на Евролигата, 89-77 (20-24, 18-19, 24-17, 27-17). По денешната победа Олимпијакос е со скор 3-3, а Химки има 4-2.
Гостите од Русија натпреварот го почнаа со силно темпо и по четири минути имаа веќе високи +12 (7-19). Во продолжение црвено-белите веќе до полувреме стигнаа на подносливи -5 (38-43). Во третиот период гостинските кошаркари повторно го контролираа резултатот и имаа водство од + 8 до 36. минута.
Тогаш кошаркарите на Олимпијакос направија серија од 8-0 и изедначија на 58-58.
Од тој момент предводени од денес феноменалниот Принтезис, кошаркарите од Пиреја само го зголемуваа водството, за да на крајот слават со сигурни 89-77. Најефикасен кај Олимпијакос беше Принтезис со 30 поени, на кои додаде и 9 скока, а Спанулис запиша 14 поени. Кај поразените гости Тајрус Рајс постигна 14 поени, но фалеа поените на најдобриот кошаркар на Химки, Швед кој натпреварот го заврши со 11 поени.
Во наредното коло Олимшпијакос повторно игра против руски тим, овој пат на гости против ЦСКА Москва, а Химки во Москва го пречекува актуелниот шампион Реал Мадрид.