ВИДЕО: Паднаа сите рекорди на прошталниот „Ол-стар“ на Коби Брајант

Западот пак го победи Истокот во „Ол-стар“ мечот во НБА лигата, кој се одигра во Торонто. Самиот резултат говори за тоа каква беше забавата, заради рекордниот број на поени, 196-173.

Овие 369 поени се апсолутен рекорд во мечевите на сите ѕвезди. МВП наградата му припадна на Расел Вестбрук со 31 поен, а Коби Брајант го одигра последниот меч на ѕвездите во кариерата. .

Коби го заврши мечот со 10 поени, 7 асистенции и 6 скока за 26 минути на паркетот. На трибините беа присутни скоро сите НБА асови од историјата, од Џордан, Меџик Џонсон, Шекил. 

Следната година НБА „Ол-стар“ мечот ќе се игра во Шарлот.