ВИДЕО: НБА друштвото му се поклони на Коби Брајант!

65. издание на мечот на сите ѕвезди комплетно мина во знакот на асот кој заминува во пензија на крајот од сезоната, Коби Брајант. Првото име на Лос Анџелес Лејкерс беше главна атракција на дуелот во Торонто, а за време и по мечот сите му се заблагодарија за тоа што тој го даде во неговата дведецениска кариера.

Тој беше видно трогнат од реакцијата на публиката.

Вториот најчест учесник во мечевите на сите ѕвезди уште потврди дека е омилен меѓу колегите и навивачите кои со стоечки овации покажаа што мислат за него. Еве го последниот „Ол-стар“ меч на големиот Коби: