ВИДЕО: Кари побара автограм од Коби на крајот од „Ол Стар“ натпреварот

Според многумина, најдобриот играч на планетата, Стеф Кари, беше почестен од страна на легендарниот Коби Брајант со автограм, по завршувањето на вчерашниот „Ол Стар“ натпревар. 

Ова беше последен натпревар на ѕвездите за Коби Брајант. По 18 последователни учества, ветеранот на Лејкерси на крајот на сезоната ќе ја заврши богатата кариера.