ВИДЕО: Големиот Дирк Новицки објави репрезентативна пензија

Одличниот германски кошаркар Дирк Новицки се повлекува од репрезентацијата. Тој повлекувањето го објави во своето интервју кое го даде за германскиот „Билд“.

„Последниот настап на Евробаскетот 2015, беше мој последен меч за Германија“, изјави Новицки.

37-годишниот Новицки настапи на девет големи натпреварувања за Германија. Најголемиот успех е сребрениот медал од европскиот шампионат 2005 година, кој се одржа во Белград, а има и бронза од Светското првенство во САД, 2002 година. Своето деби за репрезентативниот дрес го имаше во 1997 година.

Во продолжение погледнете ги овациите кои ги доби на шампионатот во Белград на натпреварот против Грција: