• Сашо Поповски

Екипата на Црвена Звезда ја забележа втората победа во ТОП 16 фазата во Евролигата. Овој пат Уникаха падна во „Пионир“ со 87-73 (21-14, 20-17, 19-22, 27-20).
„Црвено-белите“ одлично го започнаа дуелот, правејќи почетна разлика по само десет минути (21-14). Разиграните Јовиќ, Симоновиќ и Цирбес покажаа дека домашната екипа е скоро непобедлива пред својата публика. Десет разлика на полувреме само го навестија остатокот од натпреварот.
Уникаха возврати во третиот дел, добивајќи го со 22-19. Но, шпанските кошаркари немаа сила за целосен пресврт. На крај, домаќините славеа убедливо со 87-73. Македонскиот репрезентативец Хендрикс постигна само 2 поени.
Во Литванија, Жалгирис беше убедлив против грчки Олимпијакос, победувајќи го со 75-55. Јанкунас беше предводник на литванската екипа во убедливиот триумф против фаворизираната екипа од Пиреја.