ВИДЕО: „Биковите“ без шанси во домот на клиперси

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс го победија Чикаго во најинтересниот меч од ноќната програма во НБА лигата. Убедливите 120-93 покажуваат огромна разлика во квалитет и пристап. Само во првиот дел се играше израмнето, а потоа домашните побегнаа.

Џамал Крафорд со 26 поени беше најефикасен во домашната екипа. Му се придружија Џе Џеј Редик со 21 и Деандре Џордан со 17 поени. Кај Чикаго прво име беше Џими Батлер со 23 поени, па следуваа Дерек Роуз со 20 и Пау Гасол со 15 поени. 

Резултати:

Портланд - Минесота 96-93

Лоас Анџелес Лејкерс - Шарлот 82-101

Мајами - Атланта 105-87

Орландо - Бостон 119-114

Далас - Феникс 91-78

Њујорк - Голден Стејт 95-116