Ветеранот Риверс потпиша четиримесечен договор со Баерн

Првакот на Германија, Баерн Минхен доведе големо засилување на половина сезона во Бундеслигата и Евролигата. Американскиот кошаркар Кеј Си Риверс договорил соработка со  Баварците. Тој доаѓа по повредата на Дарун Хилијард. Риверс и потпиша договор на четири месеци со Баерн.

34-годишниот Риверс минатата сезона настапуваше за руски Зенит, а дресот на Баерн претходно го носеше во сезоната 2015/16.

Американецот ја освои Евролигата со Реал Мадрид пред седум сезони, а во кариерата настапуваше и за Локомотив Кубан, Химки, Панатинаикос, Црвена звезда и Жалгирис.

По четиринаесет кола, Баерн е на средината од табелата со седум победи и седум порази.