• Зоран Мишевски

Американскиот кошаркар Кајл Хајнс го продолжи договорот со Олимпија Милано до јуни 2024 година, соопшти италијанскиот клуб.
36-годишниот Хајнс е член на Олимпија од 2020 година, а претходно играше за ЦСКА, Олимпијакос, Бамберг и Вероли. Минатата сезона во Евролигата имаше просек од 5,5 поени и 3,6 скока по натпревар.
„Милано е втор дом за мене и моето семејство во изминатите неколку сезони. Оодушевен сум што ќе одиграм уште една сезона за тимот на Олимпија. Со нетрпение очекувам да имам можност да ги направам горди навивачите на Олимпија, бидејќи ќе се борам за повеќе победи и повеќе титули за да го направам овој клуб уште поголем“. изјави Хајнс.
Американскиот кошаркар минатата сезона со тимот од Милано ја освои титулата во италијанскиот шампионат.