• Зоран Мишевски

Брајант Данстон од следната сезона ќе го носи дресот на италијанскиот вицешампион Виртус Болоња. 37-годишниот Данстон доаѓа во редовите на Виртус од Анадолу Ефес, клуб со кој двапати ја освои Евролигата.
Тој е еден од најдобрите дефанзивни центри во последната деценија и на својата генерација, а ги освои и наградите за најдобар одбранбен играч на Евролигата во 2014 и 2015 година. Мобис Фибус, Арис, Бнеи Херцлија, Хапоел Холон, Варезе и Олимпијакос се останатите клубови за кои настапуваше Данстон пред да дојде во Турција.
Серхио Скариоло во тековниот преоден рок потпиша и со Бруно Масколо, Ахиле Полонара, Давонте Кук, Огњен Добриќ и Џејлен Смит.
Новата евролигашка сезона почнува во октомври, а Виртус е една од најзасилените екипи ова лето.