• Иван Димовски

Екипата на Реал Мадрид, по Руди Фернандез, задржа уште еден ветеран во своите редови.
Договор на една година потпиша и Серхио Родригез, откако тековниот му истече по крајот на сезоната. Популарниот Чачо ќе биде дел од „кралевите“ барем уште една сезона. Тој беше еден од носителите на играта на патот кон трофејот во Евролигата, иако има 37 години.
@SergioRodriguez #Chacho2024 pic.twitter.com/FiR7H3fykV
— Real Madrid Basket (@RMBaloncesto) July 12, 2023
Ова му е втора авантура во редовите на Реал. Претходно Родригез играше за „кралскиот“ клуб од 2010 до 2016. Покрај Реал, Родригез настапуваше за Естидијантес, ЦСКА Москва и Олимпија Милано во Европа, додека во НБА лигата имаше епизоди во Портланд, Сакраменто, Њујорк и Филаделфија.