Вестбрук за лошата сезона во Лејкерси: Се борев со сите измислици и не добив фер шанса

Од големи планови, сезоната на Лос Анџелес Лејкерс се претвори во катастрофа. Една од двете најтрофејни франшизи во историјата на НБА не успеа да се пласира во плеј-офот. 

Јавноста како еден од главните виновници за слабите резултати на тимот го посочи плејмејкерот Расел Вестбрук, кој ги задоволи барањата и очекувањата на навивачите, а честопати беше и во конфликт со тренерот Вогел.

„Штета, никогаш досега не сум имал проблеми со тренерите. Не знам дали проблемот беше моја вина, не ја знам причината, но никогаш не се поврзавме целосно. Имам чувство дека не добив фер шанса да го работам тоа што го правам најдобро. 

Имаше толку многу измислени приказни за конфликтите што ги имав со тренерот Вогел, со моите соиграчи. Новинарите ги слушнаа тие приказни од нивните таканаречени „извори“. Се борев против овие измислици, еден по еден. Едноставно не се вклопивме добро на теренот“, изјави Расел Вестбрук.

Генијалниот Вестбрук сè уште не донел одлука дали и следната сезона ќе настапува за „езерџиите“, кои пак наскоро ќе добијат нов тренер, откако Вогел заработи отказ.