Вестбрук: Сакам да играм со Јокиќ на Олимписки игри, Србија нека ми даде пасош!

Славниот американски плејмејкер и член на Денвер Нагетс, Расел Вестбрук, даде интересна изјава со која самиот ѝ се понуди на репрезентацијата на Србија, затоа што има огромна желба да заигра со најголемата ѕвезда на „орлите“, Никола Јокиќ

Рекордерот во „трипл-дабл“ остварувањата во НБА лигата отсекогаш важел за голем фан на Јокиќ, а сега отворено рече дека не би имал ништо против ако добие шанса да заигра за нашиот северен сосед, заедно со својот колега од Денвер. 

„Може да ме натурализираат, така ќе имам шанса да заиграм со Јокиќ и во репрезентацијата на Србија. Може да настапиме на Олимписките игри или на Светското првенство, тоа би било феноменално за сите“, изјави Вестбрук. 

Навивачите во Србија се со поделени мислења, но голем дел од нив би сакале да го видат Вестбрук во нивниот национален тим, нешто што би претставувал историски момент за оваа земја која никогаш во ростерот немала ниту еден странец. 

Расел Вестбрук важи за еден од најлегендарните плејмејкери во историјата на НБА лигата. Има вкупно 201 „трипл-дабл“ во кариерата и настапуваше за многу екипи како Оклахома, Хјустон, Вашингтон, Лос Анџелес Лејкерс, Лос Анџелес Клиперс и Денвер Нагетс, но ниту еднаш не успеа да ја освои шампионската титула.