Вестбрук прифати пониска плата, Хјустон има простор за нови засилувања

Вестбрук

Поранешниот МВП играч во НБА лигата Расел Вестбрук прифати пониски примања во следната сезона со што и овозможи на екипата на Хјустон да направи уште неколку аквизиции.

Плејмејкерот има петгодишен договор вреден 207 милиони евра, а реши да се откаже од загарантираните 38 милиони кои требаше да ги добие за наредните 12 месеци. Наместо тоа, тој ќе ги добие парите како надоместок до крајот на договорот.

Заедно со Џејмс Харден, поранешниот член на Оклахома Сити формира ново дуо на Западот и дополнително ја зголеми конкуренцијата за шампионскиот прстен наредната сезона.

Вестбрук има 30 години и е познат на јавноста по својот „трипл-дабл“ просек во претходните неколку сезони. Но, сигурно дека во новата средина ќе мора да се откаже од индивидуалните статистики, за да помогне да се оствари тимски успех.

Наградата за најкорисен кошаркар во лигата ја доби во 2017 година.