Вестбрук пред историја: Се израмни со Оскар Робертсон по бројот на „трипл-дабл“ учиноци

Вестбрук

Вашингтон успеа да слави над Индијана по продолжението, а Расел Вестбрук запиша нов „трипл-дабл“ со кој застана на чекор од историја.

Плејмејкерот на Визардси се израмни со лидерот на вечната листа Оскар Робертсон (181). Тоа го направи со 33 поени, 19 скока и 15 асистенции на последниот настап.

32-годишникот е на чекор да оствари „трипл-дабл“ просек по четврти пат во последните пет сезони. Од активните играчи најблиску до него е Леброн Џејмс (99).

Вашингтон има четири меча до крајот на регуларниот дел од сезоната, на кои Вестбрук ќе гледа шанса да се осамостои на врвот на листата.