ВИДЕО: Вестбрук го запиша деветтиот „трипл-дабл“ по ред и го израмни рекордот на Чемберлејн

Расел Вестбрук против тимот на Хјустон Рокетс запиша нов „трипл-дабл“ (21 поен, 12 скока и 11 асистенции), негов деветти по ред, со што си обезбеди место во НБА историјата.

Со новото достигнување извонредниот кошаркар на Оклахома Сити Тандер се израмни со рекордот на Вилт Чемберлејн, стар повеќе од половина век, кој исто така во својата кариера успеа на девет меча по ред да запише „трипл-дабл“ учинок.

Вестбрук веќе на следниот натпревар против Портланд Траил Блајзерс на домашен терен ќе има можност да го надмине рекордот на Чемберлејн и да постави нов, кој очигледно дека ќе треба да мине долго време за некој да го надмине.