Вестбрук го оперираше коленото и ќе го пропушти почетокот на новата сезона

Расел Вестбрук операција

Скоро сигурно е дека Расел Вестбрук, првата ѕвезда на Оклахома Сити Тандер, ќе го пропушти почетокот од сезоната поради оперативниот зафат на коленото.

Еден од најексплозивните кошаркари во НБА лигата имаше проблеми со своето колено, па реши истите да ги надмине со операција. Истата ќе му донесе пауза од четири недели, што значи дека нема да биде целосно подготвен за првиот меч на 16 октомври.

Вестбрук, кој ќе наполни 30 години овој ноември, е еден од фаворитите за МВП наградата заедно со Леброн Џејмс, Џејмс Харден и Јанис Антетокумпо.

Во кариерата има просек од 23 поени, 6,6 скока и 8,2 асистенции по натпревар.