Вестбрук е плејмејкерското решение на ЛА Лејкерси?

ЛА Лејкерс

Расел Вестбрук се поврзува со преселба кај Леброн Џејмс и Ентони Дејвис во Лос Анџелес Лејкерс.

Славната фрашниза загуби во првото коло од овогодишниот плеј-оф. Но, веќе мислите ги насочи кон наредната сезона, во која се надева дека одново ќе биде во завршната трка за престижниот трофеј.

Плејмејкерот на Вашингтон Визардс би бил испратен во „Стејплс Центар“, а како замена во главниот град би пристигнале Кајл Кузма, Монтрези Херел, Кентавиус Калдвел-Поуп и два пика од втората рунда на драфтовите во 2023 и 2024 година.

Шпекулациите се зголемија откако првите две ѕвезди на „езерџиите“ започнаа да ја следат сопругата на Вестбрук. 

Специјалистот за „трипл-дабл“ учиноци не е единствниот „ол-стар“ играч кој е интересен за Лејкерси. Тие се кандидати и за потписот на Дејмиан Лилард, кој размислува да се раздели со портланд.