„Весела математика“: Како „дрим-тимот“ САД може да испадне од Мундијалот!?

Време е за последниот ден од втората групна фаза на Светското првенство (СП) во Кина, по кој ќе бидат познати последните учесници во четвртфиналната фаза на светскиот кошаркарски собир.

Шест селекции се сигурни, а уште две чекаат на своето место. Интересно, од групата К, сите тимови се во игра за нокаут-рундата.

Тука се селекциите на САД, Бразил, Чешка и Грција. Чешка игра со Грција (10:30 часот), додека САД се соочува со Бразил (14:30 часот). Која е математиката, како може да дојде до најлудото сценарио и „дрим-тимот“ кој е фаворит за злато да испадне?

Математиката е следната...

  • Ако САД и Чешка победат: САД и Чешка одат понатаму
     
  • Ако САД и Грција победат:

Грција со победа до 11 поени: САД и Чешка одат понатаму
Грција со победа со и над 12 поени: САД и Грција одат понатаму

  • Ако Бразил и Чешка победат:

Бразил со победа под 21 поен: САД и Чешка одат понатаму
Бразил со победа со и над 22 поени: Бразил и Чешка одат понатаму

  • Ако Бразил и Грција победат: Бразил и САД одат понатаму 

Во групата Л, пак, сигурни во нокаут-фазата се Франција и Австралија, но во директен дуел ќе решаваат кој ќе оди понатаму како лидер и ќе игра со вториот тим од групата К.