ФОТО: Верните „Чкембари“ го поздравија големиот триумф на Пелистер против МЗТ

Чкембари

Кошаркарска Битола го слави Пелистер и неговиот перфектен почеток на новата сезона во домашното првенство.

На осум средби одиграни во тековната сезона, битолските „зелено-бели“ не погрешија ниту еднаш и запишаа исто толку победи. Избраниците на Марјан Илиевски убедливо стојат на лидерската позиција и моментално се фаворити за највисок пласман.

ПОВРЗАНО >> Шампионот на колена во Битола, Пелистер во финишот подобар од МЗТ

Последниот меч за пелистерци донесе тежок предизвик. Во салата „Боро Чурлевски“ гостуваше шампионот МЗТ Скопје кој им даде силен отпор, но на крај го „положи оружјето“ во завршните моменти од средбата.

Навивачката група „Чкембари“ ги поздрави своите миленици и бурно ја прослави оваа победа. Битолчани покажуваат дека се желни за успех и се радуваат на секој подвиг на нивните спортисти.

Следниот натпревар лидерот го игра во Скопје против ТФТ Скопје следната среда.