Вембањама: За мене Јокиќ не е најдобар играч во НБА!

Виктор Вембањама даде изјава со која ги налути фановите на Никола Јокиќ. Според францускиот „џин“, Србинот не е најдобар играч во НБА лигата. 

Тој го образложи својот став, кажа дека Јокиќ веројатно е најдобар офанзивец, ама не и „ол-араунд“ играч. Вембањама одбра и двајца за кои смета дека се најдобри. 

„Сметам дека Јокиќ е најдобриот играч офанзивно, ама не и најдобар генерално. Тешко е да се одбере, а според мене во таа категорија се Адетокумбо и Гилџус-Александер. Кога ќе се вратам јас на теренот, ќе го преземам приматот“, се пошегува Французинот. 

Моментално Виктор Вембањама е повреден и не игра за својот Сан Антонио. Сепак, се очекува набргу да се врати на терените.