ВИДЕО: Вембањама ги водеше Спарси до триумф, шампионот убедлив во Кливленд

Кошаркарите на Сан Антонио Спарси славеа во домашниот меч од НБА лигата против Јута Џез (123-110). Прво име на оваа средба беше францускиот репрезентативец Виктор Вембањама. Двометрашот го заврши мечот со 33 поени, а фати и десет скока. Во таборот на Јута се истакна Џорџ кој уфрли 30 поени, но недоволно за добар резултат. 

Шеј Гилџус Александер го водеше шампионот до нова убедлива победа. Оклахома беше сигурна на гостувањето кај Кливленд (104-136). Ланскиот МВП и главен кандидат за да го повтори признанието го заврши натпреварот со 30 поени зад своето име, а од огромна помош му беше и Холмгрен со 28. Првата ѕвезда на Кавалирси, Донован Мичел застана на 19 поени.

На останатите терени победи забележаа Милвоки, Клиперси, Далас, Филаделфија, Феникс, Детроит и Голден Стејт.