ВИДЕО: Вембањама ги водеше Спарси до брејк, Њујорк е на победа до конференциско финале

Кошаркарите на Сан Антонио Спарс ја свртеа серијата против Минесота Тимбервулвс (108-115) во четвртфиналната фаза во НБА лигата. По изненадувачкиот пораз на првиот меч дома, сега Спарси возвратија со брејк во Минесота и стекнаа посакувана предност. До победата екипата од Сан Антонио ја предводеше Виктор Вембањама. 

  • Минесота Тимбервулвс - Сан Антонио Спарс:

Францускиот кошаркар го заврши натпреварот со 39 поени и 15 скока зад своето име. Во таборот на Тимбервулвси се истакна Ентони Едвардс со 32 поени и 14 скока. 

На победа од конференциско финале дојде екипата на Њујорк Никс, откако слави на првиот гостински меч кај Филаделфија 76ерс (94-108). Џејлен Брансон ги водеше гостите до победата со 33 поени, додека од голема помош му беше и Микал Бриџс со 23. Од Филаделфија најдобар поентер беше Убре со 22 поени на контото.

  • Филаделфија 76ерс - Њујорк Никс:

Плеј-оф возбудувањата продолжуваат вечерва со дуелите меѓу Кливленд и Детроит, како и пресметката на Лејкерси со Оклахома.