• Горан Упале
Во петтиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција, Сан Антонио Спарс демонстрираше моќ, совладувајќи ја Минесота Тимбервулвс со 126-97 и со тоа поведе во серијата со 3-2.
Уште од самиот почеток, домашниот тим го диктираше темпото, а публиката во Тексас беше сведок на доминацијата на своите миленици, кои водеа речиси во целиот натпревар, од првата до последната секунда, и не им дозволија на Тимбервулвси сериозно да ја загрозат предноста.
Виктор Вембањама беше централна фигура на натпреварот. Младиот Французин уште од првата четвртина покажа дека е многу мотивиран, откако беше исклучен во претходниот натпревар поради неспортски фаул врз Наз Рид. Натпреварот го заврши со 27 поени, 17 скока, 5 асистенции и 3 блокади. Поддршката дојде од клупата од Келдон Џонсон, кој постигна 21 поен, најдобар настап во неговата плеј-оф кариера.
Ентони Едвардс ги предводеше Тимбервулвси со 20 поени, додека Џејден МекДениелс и Џулиус Рендл додадоа по 17. Серијата сега се сели во Минеаполис, каде што Минесота ќе се обиде да ја спаси сезоната и да победи во седмиот натпревар.


