Вембањама: Ако можевме да ја елиминираме Оклахома...

Француската суперѕвезда Виктор Вембањама изрази огромно задоволство од пласманот на Сан Антонио Спарс во НБА финалето, истакнувајќи дека чувството е прекрасно и неверојатно. 

Популарниот „Вемби“ ги пофали и своите соиграчи, за кои рече дека се подеднакво заслужни за овој успех, но потенцираше дека работата не е завршена и мислите ги насочи кон финалето. 

„Ова чувство е толку моќно и неверојатно, што едноставно не можам да го опишам со зборови. Благодарност до целиот колектив, сите сме заедно заслужни за овој успех. Сакаме да се искачиме уште едно скалило погоре и да ја освоиме титулата. 

Знаеме дека нема да биде лесно, Њујорк ќе биде многу мотивиран и желен за надигрување. Ако успеавме да ја елиминираме Оклахома, не гледам зошто да не го сториме истото и во финалната серија“, рече Вембањама. 

Сан Антонио Спарс го „исфрлија“ актуелниот НБА првак со конечни 4-3 во финалната серија од западната конференција. Финалето против Њујорк Никс започнува на четврти јуни.