Великан до великан: Пред 30 години беше формиран најмоќниот тим во историјата на спортот

На денешен ден пред точно 30 години, се „роди“ американскиот „Дрим тим“, најсилниот тим во историјата на кошарката, а можеби и во спортот воопшто.

Тоа беше тим кој беше составен со цел да се освои олимпиското злато на ЛОИ во Барселона, што подоцна и се случи. САД победи на сите натпревари на тој турнир и тоа на повеќе од убедлив начин.

Составувањето на таков моќен тим го овозможи ФИБА, која претходно им дозволи на професионалните кошаркари да ги бранат боите на своите селекции на Олимписките игри. На денешен ден беше објавен списокот на легендарниот „Дрим тим“ на кој имаше десет имиња. На него беа Чарлс Баркли, Лари Бирд, Патрик Јуинг, Меџик Џонсон, Мајкл Џордан, Карл Мелоун, Крис Мулин, Скоти Пипен, Дејвид Робинсон и Џон Стоктон.

Селектор беше Чак Дејли, кој претходно освои две титули во НБА со Детроит Пистонс, во 1989 и 1990 година.