Вејд: Младите заборавија на Џордан, како ние што заборавивме на Џабар

Џабар

Долго време се шпекулира за титулата „најдобар кошаркар“ на сите времиња. Мајкл Џордан е меѓу потесниот избор на кандидати, а новите генерации веќе пред него го ставаат Леброн Џејмс.

Според Двејн Вејд дебатата секогаш ќе постои. Тој вели дека неговата генерација заборави на постигнувањата на Карим Абдул Џабар, нешто што го прави и тековната генерација со Џордан.

„Сега помладата генерација го води овој разговор. Тие заборавија на Мајкл Џордан, како што мојата генерација заборави на Карим Абдул Џабар. Играта ќе продолжи да се менува, а ние ќе гледаме и понатаму работи кои досега не сме ги виделе“, вели поранешниот член на Мајами Хит.

Времето ќе покаже дали трикратниот НБА првак е во право. Дебатата, како и во секој друг спорт, ќе продолжи и ќе добие нови кандидати во иднина...