• Горан Упале

По одредувањето на натпреврувачките бореви и паровите од првото коло, познат е и комплетниот распоред од првиот дел од новата сезона во кошаркарската Прва лига на Македонија. Новиот шампионат започнува на крајот на овој месец, а дерби ќе гледаме уште во првото коло.
Скопските ривали Работнички и ТФТ Скопје би требало да го одиграат највозбудливот натпревар од воведното коло. Шампионот МЗТ Скопје за прв противник го доби Кожув, натпревар кој ќе се игра во Гевгелија, додека вицешампионот Пелистер ќе му гостува на Гостивар.
Она што со нетрпение го очекуваат кошаркарските фанови е првото „вечно дерби“ меѓу МЗТ Скопје и Работнички. Истото ќе се одигра во рамки од четвртото коло, кон средината на октимври, а едно коло претходно ќе се судрат ланските финалисти во плеј-офот Пелистер и МЗТ Скопје.
Бранител на титулата е МЗТ Скопје, кој минатата сезона во финалната серија беше поуспешен од битолски Пелистер.
- Распоред на натпреварите за сезоната 2023/24:


