„Вечните ривали“ од Белград заинтересирани за Димитријевиќ!

Еден од најдобрите македонски кошаркари, Ненад Димитријевиќ од следната сезона и перманентно ќе добие нов клуб. Екипата на Валенсија со меѓусебен договор предреме го раскина договорот со македонскиот ас и така Нено како слободен агент ќе бара нова средна. Одличниот плејмејкер со шпанскиот клуб имаше договор на уште две сезони.

Веќе се поврзува македонскиот кошаркар со повеќе екипи. Како што пишува српски „Журнал“, низ кулоарите во Белград веќе се шпекулира дека Димитријевиќ е силна желба на двата евролигаши од главниот град на Србија, Црвена Звезда и Партизан. За Партизан веќе од претходно се распрашуваа за Димитријевиќ, пред се поради фактот дека Жељко Обрадовиќ одлично ги познава квалитетите на кошаркарот, а исто така за Црвена Звезда се појави една блиц-вест во кошаркарските портали, пред тој да потпише со Уникс Казан.

Димитријевиќ потпиша за Валенсија во летото 2021 година од Хувентут Бадалона и во сезоната 2021/22 одигра 33 натпревари, со просек од 8,4 поени, 1,5 скок и 3,9 асистенции. Во сезоната 2022/23 играше како позајмен кошаркар во руски Уникс Казан, клуб со кој ја освои ВТБ лигата, а беше прогласен и за најкорисен играч (МВП) на финалната серија.