Вечниот „крал“: Дури 97,2% од НБА кошаркарите се помлади од Леброн Џејмс

Леброн Џејмс возраст

Долговечноста на Леброн Џејмс ќе му овозможи да надмине голем број статистички податоци кои се дел од историјата на НБА лигата.

„Кралот“, кој во наредните неколку сезони ќе го гледаме во ЛА, и на 34 години покажува дека е дел од елитата и еден од најдобрите кошаркари во светот. Промената на генерации го прави да изгледа како вистински „старец“ во лигата.

Моментално, 442 играчи се дел од најсилната лига во светот, а дури 430 се помлади од Леброн. Тоа во превод значи дека 97,2% од членовите на екипите се на возраст помала од ѕвездата на Лејкерси.

Во текот на оваа сезона, 34-годишниот Џејмс ја надмина границата од 33.000 поени и стана четвртиот кошаркар во историјата на кој што му успеало ова. На вечната листа стрелци сега пред него стои Коби Брајант со нешто повеќе од 500 поени.

Просекот на Леброн во сезоната 2019/20 изнесува 25,7 скока, 7,1 асистенции и рекордни во цела лига 11 асистенции по натпревар. Тоа е показател дека тој игра различна улога во однос на претходните сезони, со цел да го сочува телото за предизвиците во наредните сезони.