• Зоран Мишевски

Во пресрет на дерби дуелот утре во Куманово, вечерва беа одиграни поголем дел од натпреварите од десеттото коло во Втората кошаркарска лига. Најважната победа ја реализираа кошаркарите на Шкупи, кои беа подобри од Борец баскет, и тоа на гостински терен (60-68).
Капитенот Камбери, со 19 поени (пет тројки) беше прв стрелец во составот на Шкупи, каде Димитровски даде 17, а Стојанов уште 12.поени. Кај Борец баскет, Карталовиќ реализираше 11.поени, а Младеновски 10.
Победничкиот ритам го оддржаа и младите кошаркари на МЗТ Скопје Уни Банка. На свој терен, беа многу подобри од прилепски Мега баскет (103:67). Во победничката екипа, Спасовски постигна 22.поени, Настовски два помалку, Талевски имаше 13, а Ангелковски уште 12 поени. Кај прилепскиот второлигаш, Дамески уфрли 18, а Стевананџија 11 поени.
Втора лига
Десетто коло:
Водно Санс – Куманово 2009 115-60
Борец баскет – Шкупи 60:68
МЗТ Скопје Уни Банка – Мега баскет 103-67
Ангели – Соколи 1933 97-79
МКК Куманово – Маџари
Работнички 2018 – Тетекс ТТК