Важна победа на МЗТ Скопје на гостувањето кај Бадел 1961

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром стигнаа до многу важна победа во битките за што повисока позиција на табелата пред почетокот на плеј-офот во Првата А лига.

На гостински терен, условно земено, беа за нијанса подобар потивник од екипата на Бадел 1862. Славеа со конечни 84-79, за привремено, второ место на табелата, со натпревар повеќе во однос на екипата на Вардар, која својот меч од ова коло, против првакот, Баскет кам 2011 ќе го одигра на шести март.

Американката Кристел Томас постигна 33 поени, а имаше и девет скока и шест асистенции. Ја следеше Митева со 20 поени и седум асистенции, додека МекКало додаде 13 поен и шест скока.

Сигурна победа запишаа и кошаркарките на Куманово-Гризли, на гости во Струга (54-84). Комплетната прва петорка на гостинската екипа запиша двоен број на поени. Со 17 ја предводеше Американката Џонсон, Алексиќ постигна 16, Муса 15, Петрушевска даде 13, а Норска уште 10 поени.

Прва А лига
Втора фаза - второ коло:

Струга 2009 – Куманово-Гризли         54-84
Бадел 1862 – МЗТ Скопје Аеродром 79-84
Пробаскет – Крива Паланка     79-83
Баскет Кам 2011 – Вардар (шести март)

Прва Б лига
Втора фаза - 13. коло:

Гостивар 2009 – Јан Бор 49-20
Охрид - Патриот 2016     47-56
Тим Арена – Риниа          100-34
Пониква 2022 - Спорт тим (29 февруари) 
Слободен: Шкупи – слободен