Важна победа на баделки во дербито со ЖКК Вардар

Кошаркарките на Бадел 1862 ја забележаа најважната победа во вториот круг од натпреварите во Првата женска А лига-жени. Во локалната скопска пресметка, „баделки“ на гостински терен го совладаа составот на Вардар со резултат 80-84, доволно за да се пробијат на шестата позиција на првенствената табела.

Во доста изедначен натпревар, уште еднаш, како и на изминатите неколку натпревари, во главна улога беше странскиот „трилинг“ во Бадел 1862. Техеда реализираше 26.поени, еден помалку даде Томпсон. Баркли постигна 13, исто како и Митрева. На спротивната страна од теренот, поените беа далеку подобро „распределени“, но тоа не беше доволно за победа на ЖКК Вардар.

Матие ги предводеше „црвено-црните“, беше стрелец на 22 поени, на кои додаде и 12 скока. Освен 16 поени, Димитријевиќ имаше и седум асистенции. Двоен број на поени, вкупно 13 имаше новакот во нивните редови, Тасевска, додека десет запиша една од најмладите во ростерот на ЖКК Вардар, Начевска.

Мало изненадување е и победата и тоа убедлива на кошаркарките на Куманово-Гризли на гостински терен кај Крива Паланка (75-48). Изненадување не е победата на Баскет Кам 2011 против последнопласираната Струга 2009 со 95-39. По поразот на ЖКК Вардар во дуелот со Бадел 1862, сега, екипата од Македонска Каменица е на два чекори пред „вардарки“.

Приклучок кон горниот дел од табелата држи и екипата на МЗТ Скопје Аеродром која беше за десет поени подобра од кавадаречки Пробаскет (64-54).  

Прва лига (жени)
Втор круг - прво коло:

Баскет Кам 2011 – Струга 2009           95-39
ЖКК Вардар – Бадел 1862      80-84
МЗТ Скопје Аеродром – Пробаскет   64-54
Крива Паланка – Куманово-Гризли   48-57