Важен триумф за Тиквеш во борбата за плеј-оф

Екипата на Тиквеш дојде до многу важни бодови во борбата за плеј-оф. Кавадарчани како гости славеа во Скопје на гостувањето кај Феникс 2010 (87-76), тим кој е директен ривал за една од позициите кои водат во разигрувањето за титулата.

Екипата на Дервишевиќ загуби заради лоши десет минути по паузата. На Феникс му пресуди третата четвртина која ја загуби со 10-27, па така последните десет минути во кои Феникс се разбуди и го надигра Тиквеш, не помогнаа да се стопи таа негатива која се стекна во третиот квартал.

Глигоријевиќ имаше добар меч за Тиквеш со 22 поени и 17 скока, пред Минси со 20 поени, а исто така дабл-дабл имаше и Персонс со 19 поени и 13 скока. Кај тимот на Феникс најмногу се истакна Рахама со 18 поени и осум скока.

Тиквеш со оваа победа дојде до скор 7-10 и на табелата го прескокна Феникс. Кавадарчани се седми, Феникс е осми со скор 6-11.