• Александар Ковачев

Во меч од 17. коло на грчкиот шампионат кошаркарите на Олимпијакос потешко од очекуваното го совладаа тимот на ПАОК со 83-76 (23-21, 18-20, 17-18, 25-17). Најзаслужен за денешната победата беше Василис Спанулис, кој го реши натпреварот со осум поени во последната минута.
Натпреварот беше изедначен во текот на целиот меч, а во последните 10 минути на самиот почеток гостите имаа и највисоки +6 (58-64). Водството го одржуваа до самиот крај, кога на сцена стапи Спанулис и не дозволи изненадување. Најефикасен кај Олимпијакос беше Мет Лоџески, кој запиша 17 поени, а Спанулис покрај 16 поени имаше и осум асистенции. Кај ПАОК, 21 поен запиша Урош Дувњак.
По денешната победа Олимпијакос се израмни со Панатинаикос на чело на табелата со скор 16-1, а за кошаркарите на ПАОК денешниот пораз беше деветти за нив оваа сезона.