Василије Мициќ останува во Анадолу Ефес

Ефес

Еден од најдобрите европски кошаркари на денешницата Василија Мициќ ќе остане во Анадолу Ефес и наредната сезона.

Ова го потврди неговиот менаџер, по честите шпекулации дека српскиот кошаркар ќе заврши во НБА лигата. Сепак, исполнувањето на тој негов сон ќе мора да почека.

28-годишникот од Краљево ќе ја брани европската титула со турскиот тим. На индивидуално ниво ја освои МВП наградата во изминатата сезона во Евролигата, што само покажува дека е зрел за нов чекор во кариерата.

Оклахома Сити Тандер ги поседува правата за Мициќ во НБА, но сигурно е дека овој клуб ќе го префрли во друга франшиза, бидејќи не се вклопува во нивниот план за „ребилдинг“.