• Саше Љолес

Кошаркарите на Партизан го задржаа лидерскиот статус во АБА лигата откако славеа по едно продолжение на гостувањето кај Мега Баскет во 16. коло со конечен резултат 90-100.
Домаќинот одигра одличен натпревар и успеа да го задржи фаворитот на 82-82 во регуларното време, но тимот на Жељко Обрадовиќ во продолжението ја покажа својата сила и го заокружи триумфот со серија од 18-8 во последните пет минути.
Најефикасен играч на натпреварот беше Хрватот Андрија Јелавиќ од Мега со 23 поени, а на спротивната страна прво име беше Двејн Вашингтон, кој постигна четири поени помалку. Партизан има скор од 13 победи и 2 порази, исто колку Црвена Звезда и Будуќност.